Музеј на старата скопска чаршија - Сули Ан

Постојаната изложба на Музејот на Старата скопска чаршија опфаќа археолошки, етнолошки и историски дел.

Археолошкиот дел преку монети и керамика го прикажува животот и трговијата од средниот век до османлискиот период.

Етнолошкиот дел ги претставува занаетите и стопанисувањето во чаршијата.

Историскиот дел го следи нејзиниот развој преку фотографии и карти.

Поставката е дополнета со уметнички дела инспирирани од Чаршијата.

Музејот на Старата скопска чаршија е отворен во мај 1983 година, а историскиот дел од поставката е дополнет во 1985 година. Во 2012 година изложбата е модернизирана и збогатена со нови истражувања и современи медиуми.

Постојаната изложба се наоѓа во „Сули ан“ (Воден ан), караван-сарај од првата половина на 15 век, изграден од Исхак бег. Заедно со Чифте амамот и Мурат-пашината џамија, претставувал дел од таканаречената „исламска тројка“, каде што луѓето можеле да преспијат, да се одморат, да одржуваат хигиена и да одат на молитва.

Галерија

Меморијален музеј на илегалните работилници за производство на оружје за НОБ

Подрумските простории на куќата на ул. „Цетинска“ бр. 2 во Скопје, сопственост на електромеханичарот Серафим Видовски, со помош на Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, се зачувани во оригинална состојба и претворени во Меморијален музеј.

Музејот е отворен во 1981 година и ја претставува тајната работа на илегалните работилници за производство и поправка на оружје за време на Народноослободителната борба (1941–1944).

img1